Гeмиџиска бр. 1
Железара - Скопје
02 263 3633
070404131
info@spawn.net.mk
dean@spawn.net.mk

Што е хостинг а што веб сервер?

Што е хостинг а што веб сервер?

Веб хостинг ( Web Hosting ) едноставно претставува простор алоциран на веб сервер ( Web Server ) прикачен на брза интернет конекција, секој веб сервер има своја ип адреса и своја порта за пристап на веб серверот. Веб серверите обично доаѓаат во вид на кластери во големите центри (дата центар) каков што поседува Мкдхост.

Просторот е одредуван од страна на хостинг компаниите. Мкдхост нуди повеќе хостинг пакети со помал и поголем простор. Веб хостингот всушност не претставува само хостинг простор, туку еден вид на сервис кој што вклучува уште неколку функции/можности како:

сообраќај ( Bandwidth), ова е месечниот трансфер на податоци( слики, текстови, најразлични фајлови прикачени на хостинг серверот ) кои се пренесуваат помеѓу посетителите, корисниците и хостинг серверот.
е-маил адреси со помош на кои ќе испраќате и примате е-маил пораки до вашите пријатели/соработници…
backup поддршка – има една изрека која вели: „Подобро е да го имаш а да не ти го треба, отколку да го немаш а да ти го треба“. – Ова се однесува на backup кој што е повеќе од потребен поради ненадејно губење на податоците, дали тоа ќе биде клиентска ненамерна грешка, дали ќе биде хакерски/кракерски напад кој што може да ја упропасти веб страната, па се до хардверски проблеми  на серверот.
control panel – панел кој ќе ви овозможи полесно менаџирање со хостинг услугата, така што со само неколку клика ќе може да креирате е-маил адреса, или пак да инсталирате некоја скрипта ( Пр. WordPress ). Мкдхост го користи Webmin за лесно контролирање на хостингот и лесно креирање на додатни скрипти.

Сега кога знаеме што е веб хостинг и веб сервер е да се одлучи кој пакет е идеален за нашиот иден блог или веб-сајт. Главната работа кога купувате веб хостинг не е само пропусниот опсег туку  и сообраќаотј што го добивате со хостингот, остатокот на она што треба да се обрне внимание на големината на простор на дискот (1, 2, 5 GB ..), колку addon домени, можете да додадете, поддршка за PHP mysql .. итн …

Неограничен пропусен опсег или неограничен сообраќај, како и неограничен простор на дискот во реалноста всушност не постои, но тоа е само маркетинг трик. Се разбира, повеќе гигабајти на сообраќајот е подобро. Во зависност од она каква страница или апликација имате, барате хостинг за тоа конкретно.

Ако тоа е статична страница со десетина html страници и неколку слики, секој пакет на Мкдхост ќе ви биде доволен. Ако тоа е динамична страница, таа ќе “влече” и  ќе работи со повремени проблеми ако немате многу посетители.

Кога купувате хостинг, треба да знаете дека всушност плаќате за изнајмување, обично трае до 1 година или повеќе.

Мкдхост располага со свои сервери и своја оптичка мрежа во Р.Македонија.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *