Гeмиџиска бр. 1
Железара - Скопје
02 263 3633
070404131
info@spawn.net.mk
dean@spawn.net.mk



КОИ СМЕ НИЕ


Наша Приказна

ПРОФЕСИОНАЛНИ ХОСТИНГ И СОФТВЕРСКИ РЕШЕНИЈА СО ПРОФЕСИОНАЛНА 24/7 ПОДДРШКА

Мкдхост е хостинг компанија која постои од 2007 година.Нашите решенија ги користат преку 1000 клиенти од разни профили – трговија, услуги, производство, книговодство, угостителство, маркетинг, државни институции, банки и други финансиски институции.

Мисијата на Мкдхост е да ги реализира потребите на корисниците. Во Мкдхост ние не испорачуваме само хостинг или софтвер – ние ја испорачуваме комуникацијата, вниманието и грижата за потребите на нашите клиенти и по купување на некое од нашите решенија.

Затоа, апсолутно можете да се потпрете на фактот дека не сте „само уште еден клиент“. Ќе добиете една од најперсонализираните услуги кои некогаш сте имале прилика да ги добиете и не само заради фактот што тоа е правило на нашата компанија.

Нашите решенија опфаќаат:

Финансово работење – сè што е поврзано со сметководството; пресметка на плати; автоматско книжење на влез, излез, плати, благајничко работење; основни средства, камати; автоматско составување завршни пресметки, бруто биланс, заклучни листови, ДДВ Аконтативна пријава…

Материјално работење – целосна евиденција на залихи, продажба и промет, влез и излез на роба, производство, магацини, продавници. Сите потребни извештаи за менаџментот.

Програм за каси – работење во продавница/ресторан, влез и излез на роба, анализа на промет; може да работи засебно или со автоматска поврзаност со материјалното работење и финансовото работење. За ресторан – работа со маси, раздолжување по нормативи…

ПЛАТИ

Програма за пресметка на платите и операционализација на нивната исплата. Претставува мост меѓу двата програмски пакети: сметководство и финансии и кадровската евиденција. Генерално се состои од два независни дела, кои по желба може ефикасно да се интегрираат: пресметка на даноците и придонесите тргнувајќи од нето плата и пресметка на нето платата врз основа на параметрите во фирмата:

• евиденција на вработените, даночните стапки, придонесите, месечна просечна плата, минимална нето плата за пресметка на даноци и/или придонеси и др; пресметка на плати, аконтации и боледувања, обработка на персоналецот, обработка на придонесите; преглед на пресметките по различни параметри (месечна рекапитулација на платите, рекапитулација по вработен на одреден временски период итн.).
• пресметка на платите врз основа на параметрите и критериумите на фирмата (бодови, норми, часови, стаж, казни, награди…)

Програм за водење на работно време
Комбинација на ефикасна програма и посебни уреди за евиденција на присуство на работникот на работното место. Се состои од следните модули:

• евиденција на работното време: евиденција на времето на доаѓање и на напуштање на работното место, работа на терен или по задача, службено и приватно отсуство, лоцирање на работникот;
• распоред и планирање: планирање на активностите на дневно, месечно и годишно ниво; годишни одмори, патувања, теренска работа;
• анализа и извештаи: извештаи за присуството на работа по вработен и на ниво на фирма, за произволен временски период (дневно, неделно, месечно, годишно), анализа на отсуствата, одморите, патувањата, поединечно и групно.

Програм за водење на хидро електрани – Ефикасна програма за водење на хидро Електрани. Во неа содржи 24 часовна евиденција на Електраната со која моќ работи во даден саат , колку испади има со кој проток и процент на работа.Следење и запис на активната и реактивната енергија. Забелешки и нотес , каде се пишуваат останатите работи.Програмот дава дирекно превземање во пдф фајл часовен месечен или годишен извештај.